Следи нѐ
To Top

Ѓоковиќ го тужеше Рио, сега бразилските власти го тужат Ноле

Властите на Рио де Женеиро поднесоа тужба против најдобриот српски тенисер Новак Ѓоковиќ како одговор на неговата тужба од пред две години.

Ѓоковиќ во 2012 година со Густаво Куертен одигра ревијален натпревар и според договорот српскиот тенисер требаше да добие еден милион и сто илјади долари, од кои досега му биле исплатени само 450 илјади.

реклама

Поради тоа српскиот тенисер во 2016 година ги тужеше бразилските власти за долг од 650 илјади долари.

Меѓутоа сега бразилските власти поднесоа контратужба против Ѓоковиќ за административни неправилности за време на споменатата посета.

На листата тужени се најдоа и компаниите кои го организираа овој настан. Во тужбата се наведува дека нерегуларно ја добиле организацијата на тендер и дека го оштетиле градскиот буџет, а се наведува сума од околу еден милион долари.

ПОВЕЌЕ ОД КАТЕГОРИЈАТА: Ракомет

реклама
error: Содржината е заштитена со авторски права.