//
Следи нѐ
To Top

Самсунг ги претстави новите телефони Самсунг Галакси С9 и С9+

Самсунг ги претстави новите Самсунг Галакси С9 (Samsung Galaxy S9) и С9+ (S9+) паметните телефони кои имагинативно го реинтерпретираат начинот на кој луѓето комуницираат, споделуваат и го искусуваат светот.

Создадени за период во кој потрошувачите се повеќе и повеќе комуницираат и се изразуваат преку фотографии, видеа и пиктографи (еmoji), Галакси С9 и С9+ вклучуваат иновации преку најнапредната Самсунг камера до сега. Редизајнирани, со нова бленда која овозможува иновативна камера за слаба осветленост, способност за супер бавно “Slow-mo“ видео и персонализирани пиктографи за изменета реалност (AR Emojis), новите Галакси С9 и С9+ ќе се погрижат корисниците никогаш да не пропуштат ниту еден момент и да го направат своето секојдневие неверојатно.

реклама

Галакси С9 и С9+ овозможуваат збогатено доживување на забавата со моќни стерео звучници поставени со помош на АКГ (AKG), извонреден звук со Долби Атмос (Dolby Atmos®) и редефиниран бесконечен екран од раб до раб – клучен елемент во дизајнерското наследство на Самсунг. Дополнително, Галакси С9 и С9+ ќе пристингат со новата “SmartThings“ апликација, која ги обединува постоечките ИоТ услуги на Самсунг во едно единствено, паметно искуство.

– “Начинот на кој ги користиме нашите паметни уреди се промени со еволуцијата на комуникацијата и на самоизразувањето. Со Галакси С9 и С9+ ја имагинативно ја реинтерпретиравме камерата кај нашите паметни телефони. Не само што Галакси С9 и С9+ им овозможуваат на корисниците да ги креираат најдобрите фотографии и видеа насекаде, туку и станува збор за паметни телефони кои се дизајнирани да им помогнат да се поврзат со останатите и да се изразат на начин кој е единствен за нив, оставајќи свој личен печат.“ – изјави ДЈ Кох (DJ Koh), Претседател и Менаџер на Сектор за ИТ и Мобилна Комуникација, Самсунг Електроникс.

Новите Галакси С9 и С9+ поддржуваат три различни биометриски опции за автентификација – ирисот на окото, отпечатокот на прстот и фацијално распознавање – така што корисниците може да го одберат најдобриот начин за заштита на својот уред и апликации. Уредите поддржуваат Интелигентно Скенирање, нова верификација која интелигентно користи колективна сила за скенирање на ирисот на окото и технологија за препознавање на лицето за брзо и едноставно отклучување на телефонот на корисникот во било која средина. Галакси С9 и С9+ исто така го претставуваат и “Dedicated Fingerprint“, давајќи им на корисниците опција да користат различни отпечатоци од прст од оние за отклучување на телефонот, за да пристапат кон Безбедната Папка (Secure Folder).

Галакси С9 и С9+ ја носат грижата за здравјето на ново, повисоко ниво со подобрен оптички сензор вграден директно во уредот, овозможувајќи побогати, попрецизни информации за здравствениот статус на корисникот. Овој сензор им овозможува на Галакси С9 и Галакси С9+ да ги следат факторите на оптеретување на срцето на корисникот преку “Heart Load Factor“, нова мерка која ги регистрира отчукувањата на срцето во реално време.

ПОВЕЌЕ ОД КАТЕГОРИЈАТА: Мобилни

реклама
error: Содржината е заштитена со авторски права.
%d bloggers like this: