//
Следи нѐ
To Top

Излог

Во еден излог може да видите повеќе изложени нешта, кои треба да ви го привлечат вниманието, но никогаш не можете одеднаш да видите се што има во продавницата, треба да влезете и внимателно да разгледате што има внатре.

Така е и со нашиот надворешен изглед, никогаш доволно изложено за да сме сигурни дека истото го има и внатре, дека некого го познаваме и одвнатре. Нашите социјални фасади или маски се мимикрија на нашата личност и карактер, некогаш слични со надворешноста, некогаш дијаметрално спротивни, а ретко автентични, затоа што секој човек има „лице и опачина“.

реклама

Природно е човек да биде спонтан и неконвенционален, да се изразува така како што чувствува, но тогаш сме во ситуација да повредиме или да не повредат. Ако се трудите во секоја ситуација да сте тоа што сте и спонтано го покажувате своето вистинско лице, веројатноста да си направите проблеми е голема, затоа што вашата природност, колку и да е добронамерна , не секој е способен да ја толкува како што е, туку прави своја лична перцепција и заклучоци според неговите карактерни особини и сфаќања.

Затоа сме во чести недоразбирања и конфликти со нашата околина, особено преку социјалните мрежи каде сечиј збор, синтагма или реченица може да се предимензионира и погрешно разбере. Секоја единка функционира во својот потесен круг на блиски луѓе , но и во пошироката јавност. Двата круга се битни за реализираноста на единката која е социјална личност , но не секој умее да ги избалансира, да носи соодветни социјални маски и истите да ги тргне од себе кога е со своите најблиски.

Блискоста е можна само кај едноличните, дволичните со своите лицемерни маски веќе се товар за една искрена комуникација. Потребата од носење социјална маска е оправдана од повеќе причини каква што е куртуазноста на пример, основни културни навики и слично , инаку би било неподносливо и непристојно да се однесуваме во јавноста како во приватноста. Моќта на медиумте, потребата за егзибиционизам, која се смета за настраност, видлива и преку малите екрани и преку мониторите на компјутерите и телефоните, моќно не манипулура и кулминира со сиот свој примитивизам ( доволно е едно пребарување по фб профилите и јасно е за каква популација станува збор).

Во таквиот фб излог често се изложени и лажни профили, маскирани ликови и фрикови кои умислено шират “искреност” и “спонтаност” навредувајќи луѓе под маска на праведност и правичност. Од каде толку самобендисаност и убеденост во својата вистина и правда? Веројатно од дефицит на знаење , култура и социјално однесување. Од еден таков излог полн со валкани алишта никој нема да посака да влезе во продавницата и да одбере нешто за себе. Затоа социјалните маски или фасади се оправдано потребни за полесно и побезбедно комуницирање, да се заштитиме од злонамерно љубопитни кои нашите интимности и тајни може да ги злоупотребат.

Оправдана причина за такви “заштитни” фасади е и околината да ја заштитиме од својата искреност, која може да пермутира во дрскост и невоспитаност ( замислете секому да му кажеме с,е што му мислите и да создадете армија непријатели). Последната оправдана причина за нашиот надворешен излог, прва според христијанството и едно од евангелијата на Лука, е односот како ќе се поставиш кон другиот – таков ќе биде и тој кон тебе ( ” И како сакаш да ти прават луѓето , прави им и ти така”) , за да го имаш целиот свет за пријател.

Тогаш твојот излог, твојата социјална маска ќе биде препознатлива по внатрешното богатство и секој ќе сака да одбере нешто добро за себе, ќе те посака за пријател за да ти го открие вистинското лице.

А кога станува збор за најблиските што ги сакаш и те сакаат, нема потреба од маски и фасади, нив ги сакаш без причини и безусловно, какви и да се !

ПОВЕЌЕ ОД КАТЕГОРИЈАТА: Колумни

  • Интернетот загосподари…

    Господари со сето време на светов, влегува во сите слободни минути и како под хипноза минутите ги престорува во часови без...

    Татјана Алексиќфевруари 26, 2018
  • Бес(з) трага од омраза

    „Од утро се мразам себе, а до вечер мразам се’ околу себе“. реклама

    Татјана Алексиќфевруари 26, 2018
  • Теломанија

    „Ех да имам лепо тело плесао бих вече цело “ – Рок групата „Лабораторија звука“ , осумдесетите години на бившите Ју...

    Татјана Алексиќфевруари 26, 2018
реклама
error: Содржината е заштитена со авторски права.