Поврзи се со нас

Популарно.мк

Променливо облачно и студено

Вести

Променливо облачно и студено

Времето во Македонија денеска ќе биде променливо облачно со температури значително под просекот за овој период од годината.

Особено студено ќе биде во утринските часови кога на некои места ќе се спуштат и до -10 степени. Во западните и крајните северни делови со повремен слаб локален снег, особено претпладне. Ќе дува умерен, на повисоките места и планините засилен северен ветер.

Утринската температура ќе се движи од минус 11 до минус пет степени, а дневната температура од минус шест до еден степен.

Во Скопје ќе биде променливо облачно со температури значително под просекот за овој период од годината. Ќе дува умерен, на повисоките места и планините засилен северен ветер.

Утринската температура ќе достигне до минус девет, а дневната температура до минус два степени.

До четврток ќе преовладува променливо облачно и студено време со кратки сончеви периоди. Во четврток во утринските часови поради разведрувањето температурите ќе бидат многу ниски, на повеќе места ќе се спуштат под -10 степени. Во четврток кон крајот на денот во западните делови ќе има локални врнежи од снег, а во петок ќе поминуваат во дожд, но локално ќе има и услови за замрзнат дожд.

Информативна Редакција

Главниот и одговорен уредник на веб порталот Популарно.мк. Ѓорги е перспективен новинар кој со својата креативност и талент го направи Популарно.мк дел од водечките информативни сајтови во Македонија. Во исто време е регионален известувач за CNN од Македонија и главен на продукцијата GPTM Production.

Повеќе од Вести

ДО ВРВ
error: Содржината е заштитена со авторски права.