Следи нѐ
To Top

Диксон – омилениот диџеј на глобалната музичка сцена следниот викенд во Скопје!

Еден од главните луѓе на Innervisions и четири години едноподруго избиран за најдобар DJ на Resident Advisor, на 9-ти март гостува во Скопје!

Dixon (Steffen Berkhahn) важи за една од омилените личности на глобалната музичка сцена и покрај тоа што позади своето име нема некои масивни хитови, ги избегнува мејнстрим трендовите, ретко дава интервјуа, но сепак успева да се задржи на врвот.

реклама

Својата кариера ја започнува на почетокот на 90-те години во Берлин и за брзо време создава име благодарение на своите вештини за миксање. Во 2005 година заедно со Âme ја основаат издавачката куќа Innervisions која уште од самиот почеток се стреми да направи разлика и да се издвои од останатите. Оттогаш, музиката на Innervisions станува неизбежен дел од сетовите на Dixon.

Заедно со него ќе настапи Trikk (B. Deodato), едно од најталентираните имиња од Порто – град кој стекна репутација на еден од најдобрите инкубатори на адерграунд движењето и бесконечно инспиративен град за музичари од сите жанрови.

Неговите изданија за Innervisions, Optimo Music и Lossless доволно зборуваат за талентот кој овој млад уметник го има. Млад, уникатен и храбар – вистински член на денешниот андерграунд!

Журката ќе се одржи во Станица 26.

– „Станица 26 ке биде редизајнирана, бројот на карти ќе биде строго ограничен според капацитетот на клубот и ќе бидат запазени сите стандарди за квалитетна журка.“, велат од Win Music Freedom.

Диксон - омилениот диџеј на глобалната музичка сцена следниот викенд во Скопје!

Билетите ќе може да се набават во претпродажба во Кино Карпош и Радио Бар.

Вечерва во клубот „Станица 26“, пак, гостува диџеј Лехар, како загревање за забавата идниот викенд.

ПОВЕЌЕ ОД КАТЕГОРИЈАТА: МК Сцена

реклама
error: Содржината е заштитена со авторски права.