//
Следи нѐ
To Top

Claro Intelecto вечерва во Епицентар

Desonanz Festival, во соработка со клубот Епицентар, за овој петок (02.03.2018) го најавува настапот на – еден од најреномираните електронски артисти во светот и вистински ветеран на електро, техно и хаус сцената, чии изданија за Ai Records, Delsin и Modern Love се не само незаборавни во историски контекст, туку и активно го дефиниираат стилот и сензибилитетот на голем дел од модерната клубска музика.

Во петок (02 март) на најсилниот подиум во градот, Claro Intelecto со сите свои музички машини ќе ги спои минатото, сегашноста и иднината на електронската музика, а оваа ноќ за паметење со свои диџеј сетови ќе ја комплетираат Апостолски и Diah.

реклама

Со овој настан започнува годишниот серијал на музички и мултимедијални настани и соработки кои ја прославуваат 10 годишнината на Desonanz Festival Skopje низ текот на 2018, циклус кој ќе кулминира во ноември со десеттото главно издание на фестивалот.

ПОВЕЌЕ ОД КАТЕГОРИЈАТА: МК Сцена

реклама
error: Содржината е заштитена со авторски права.