Поврзи се со нас
Маркетинг

Популарно.мк

Oблачно со дожд, на планините снег

Вести

Oблачно со дожд, на планините снег

Времето во Македонија ќе биде облачно со врнежи претежно од дожд. Претпладне, локално ќе има и услови за замрзнат дожд. На планините врнежите ќе бидат главно од снег. Пообилни врнежите ќе бидат во западните делови, каде до утре наутро локално се очекува да наврнат над 40 л/м2. Ќе дува слаб до умерен југоисточен ветер.

Утринската температура од минус еден до пет степени, а дневната температура ќе се движи од три до девет степени.

Во Скопје ќе биде облачно со врнежи претежно од дожд. Ќе дува слаб до умерен југоисточен ветер. Утринската температура ќе достигне до минус два, а дневната температура до пет степени.

За време на викендот се уште ќе има повремен дожд претежно во западните делови, а само на планините над 2000 м.н.в. ќе има повремен снег. Во останатиот дел од земјава ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Утре ќе дува и повремено засилен западен ветер, поизразен на југот од земјава. Ќе настапи значително затоплување што ќе услови нагло топење на снежната покривка.

Информативна Редакција

Главниот и одговорен уредник на веб порталот Популарно.мк. Ѓорги е перспективен новинар кој со својата креативност и талент го направи Популарно.мк дел од водечките информативни сајтови во Македонија. Во исто време е регионален известувач за CNN од Македонија и главен на продукцијата GPTM Production.

Повеќе од Вести

Маркетинг
ДО ВРВ
error: Содржината е заштитена со авторски права.