//
Следи нѐ
To Top

Еден бакнеж песни рој

Толку убаво испеано од Нина Спирова, рефрен кој треба да ни е императив низ животот. Бакнежот ја има музикалноста на сите инструменти, се пее, опевува, свири, музицира, допира до космосот и се шири како ореол над сите земни суштества.

Бакнежот е наш почеток и крај, животот почнува и завршува со бакнеж, првиот бакнеж по раѓањето и последниот проштален бакнеж. Од сите бакнежи во животот најмногу се паметат романтичните бакнежи, оние кои ги отвораат портите на љубовта и страста, моќни колку и смртта. Не случајно во приказните бакнежите оживуваат, тие се депозит во банката на љубовта или како има забележано Перси Биш Шели “душата ја среќава душата на усните на љубовникот”.

реклама

Усните имаат сопствен ерос, нивната еротичност не е во обликот и големината, туку во волшебниот нектар кој излегува од нивната возбуденост. Најубави се усните на вљубените, набабруваат и поруменуваат исто како и нивното вљубено срце, а тоа не се глуми ниту вештачки доловува, може само да се доживува. Затоа, радувајте се на бакнежите како на најскапоцени нешта, тие се секогаш на списокот на најдлабоките желби и врвни остварувања, но не расфрлајте се со нив како со палома шамивчиња, бакнежот е јазикот на срцето, а срцето не секому и секогаш може да го дарувате ( колку и да е големо и широко ).

Бакнежите ни даваат виза за летање во бесконечноста, право на сопствена легенда, кога сме вљубени и бакнуваме ги доживуваме митските страсти на Афродита и Адонис, Психа и Купидон, Елена и Парис, Одисеј и Пенелопа, книжевните љубовни искуства на Самсон и Далила, Ромео и Јулија, Ана Каренина и Вронски, Кети и Хитклиф ( “Оркански висови”)… А сите мечтаеме за будење со бакнеж како заспаната убавица, привилегија на ретките принцези.

Бакнежот е космичка средба на две души, бакнежот е “икона што со човечка душа дише” – Шекспир во „Венецијански трговец”. Затоа колку и да сте скршени и тажни, навредени и понижени, ставете си го во мисла романтичниот бакнеж и верувајте во моќта на бакнежите , подрагоцени се од најскапоцените подароци.

Искрените бакнежи се вистинските подароци, влог кој се враќа со доживотна љубовна камата… Посветено на сите кои ја знаат вредноста на бакнежот !

ПОВЕЌЕ ОД КАТЕГОРИЈАТА: Колумни

  • Нова година – нова можност за поправен испит

    Нова година е ново време за интимно преиспитување, за нови почетоци, за нов оптимизам ( дури и кога мириса на глупост)...

    Татјана Алексиќмарт 3, 2018
  • Да водиме љубов 2019 пати!

    Без желби, посакувања, мечтаења и сништа , ни реалноста не би била реална, како што кажаа париските студенти во 1968 година...

    Татјана Алексиќмарт 3, 2018
  • Здодевност

    Чекаме , проклето здодевно чекаме некој да дојде, нешто да се случи, ветер да дувне, дожд да не плакне, снег да...

    Татјана Алексиќдекември 10, 2018
реклама
error: Содржината е заштитена со авторски права.
%d bloggers like this: