//
Следи нѐ
To Top

Данавеј и Бити повторно ќе го прогласат добитникот на Оскар за најдобриот филм

Актерите Феј Данавеј и Ворен Бити и годинава ќе го доделат Оскарот за најдобар филм.

Актерите минатата година згрешија при прогласувањето за најдобар филм. Дури откако екипата на „Ла Ла Ленд“ се качи на бината Данавеј и Бити сфатија дека добиле погрешно плико. Добитникот беше „Moonlight“.

реклама

Данавеј минатата година изјави дека се чувствува исклучително виновна поради грешката, иако на бина доби погрешно плико.

Актерите Данавеј и Бити заедно играа во филмот „Бони и Клајд“ во 1967 година.

ПОВЕЌЕ ОД КАТЕГОРИЈАТА: Сцена

реклама
error: Содржината е заштитена со авторски права.