//
Следи нѐ
To Top

Променливо облачно и релативно топло

Времето во Македонија денеска ќе биде променливо облачно и релативно топло со слаб до умерен западен и северозападен ветер. Претпладне во западните делови со повремен локален дожд, а на планините особено во западните делови ќе има повремени и локални врнежи ид снег.

Максималната температура ќе достигне од 8 до 20 степени.

реклама

Во Скопје ќе биде променливо облачно, предпладне со појава на слаба магла преку денот ќе има и сончеви периоди. Ќе дува слаб ветер од западен и северозападен правец. Температурата ќе достигне до 13 степени.

До среда се уште ќе има услови за повремени врнежи од дожд, на повисоките планини од снег. Од четврток се очекува преодно стабилизирање на времето.

Ноќеска беше претежно облачно со врнежи претежно од дожд, само на повисоките планини имаше врнежи од снег. Во крајниот западен дел од земјава имаше нестабилна облачност со грмежи, а утринава по одделни котли има појава на магла и намалена хоризонтална и верикална видливост.

Висината на снежната покривка во Тетово е два сантиметри, во Ѓуриште 15, Пожаране 23, Лазарополе 25, Крушево 32, а во Маврово 48 сантиметри. Најмногу дожд наврна во Тетово и Дебар 19 литри на метар квадратен, по што следат Маврово со 15, Пожаране 13, Крушево 12, Скопје и Лазарополе 11, Охрид 10, Прилеп седум, Виница шест, Тополчани и Куманово пет, Ѓуриште и Претор четири, Крива Паланка три, па Штип, Струмица и Битола со два литра на метар квадратен.

ПОВЕЌЕ ОД КАТЕГОРИЈАТА: Вести

реклама
error: Содржината е заштитена со авторски права.