Поврзи се со нас
Маркетинг

Популарно.мк

Доделувањето на Оскарите со рекордно ниска гледаност во САД

Сцена

Доделувањето на Оскарите со рекордно ниска гледаност во САД

Свеченоста за доделување на наградата Оскар годинава привлекла рекордно низок број ТВ гледачи во САД – 26,5 милиони, односно првпат под 30 милиони.

Вообичаено, вечерта на Оскарите е најгледаното ТВ шоу по Супербоул натпреварот, но тоа не беше случај и годинава. Имено, Оскарите викендов го гледале помалку луѓе и од Зимската олимпијада минатиот месец, којашто ја следеле 27,8 милиони Американци.

Телевизиската публика, воопшто, се намалува, а рејтингот на Оскарите е поврзана и со успехот на номинираните филмови – „Обликот на водата”, којшто доби Оскар за најдобар филм, но по се, изгледа не е којзнае колку популарен, коментираат набљудувачите на филмската индустрија.

Рејтинг агенцијата Нилсен соопштува дека годинешната телевизиска публика на Оскарите е за 20 отсто помала од 2017, кога водител беше Џими Кимел, исто како и оваа година. Нилсен го мери рејтингот на ТВ шоуата од 1974 година.

Информативна Редакција

Главниот и одговорен уредник на веб порталот Популарно.мк. Ѓорги е перспективен новинар кој со својата креативност и талент го направи Популарно.мк дел од водечките информативни сајтови во Македонија. Во исто време е регионален известувач за CNN од Македонија и главен на продукцијата GPTM Production.

Повеќе од Сцена

Маркетинг
ДО ВРВ
error: Содржината е заштитена со авторски права.