Поврзи се со нас
Маркетинг

Популарно.мк

Рожер Федерер и Бил Гејтс непобедлив тандем

Занимливости

Рожер Федерер и Бил Гејтс непобедлив тандем

Најдобриот светски тенисер, Рожер Федерер, во двојка со еден од најбогатите луѓе на светот, Бил Гејтс, учествуваше на хуманитарниот турнир во Сан Хозе во американската сојузна држава Калифорнија.

Тие на теренот се соочија со двојката составена од најдобриот американски тенисер во моментов Џек Сок и новинарката од телевизијата Ен-Би-Си, Савана Гутри.

На хуманитарниот турнир беа собрани 2,5 милиони долари, а средствата се наменети за образование на децата во Африка.

За Федерер и Гејтс ова е вторпат да играат во двојка, а претходно настапија на хуманитарен турнир со иста намена што се одржа во април минатата година во Сиетл.

Веројатно благодарение на ова искуство тандемот Федерер-Гејтс победи на натпреварот.

Информативна Редакција

Главниот и одговорен уредник на веб порталот Популарно.мк. Ѓорги е перспективен новинар кој со својата креативност и талент го направи Популарно.мк дел од водечките информативни сајтови во Македонија. Во исто време е регионален известувач за CNN од Македонија и главен на продукцијата GPTM Production.

Повеќе од Занимливости

Маркетинг
ДО ВРВ
error: Содржината е заштитена со авторски права.