Следи нѐ
To Top

Променливо облачно со температура до 16 степени

Времето во Македонија ќе биде променливо облачно, на повеќе места значително облачно, особено на југот. Кон крајот на денот облачноста ќе се намали. Ќе дува слаб ветер од западен и северозападен правец.

Утринската температура ќе се движи од минус еден до шест, а дневната од 11 до 16 степени.

реклама

Во Скопје времето ќе биде облачно со сончеви периоди. Ќе дува слаб ветер од западен и северозападен правец.

Утринската температура ќе се спушти до еден, а дневната ќе достигне до 15 степени.

До недела времето ќе биде стабилно и суво. За време на викендот времето ќе биде претежно сончево и значително потопло. Од понеделник ќе преовладува променливо облачно време со локален дожд и појава на грмежи.

ПОВЕЌЕ ОД КАТЕГОРИЈАТА: Вести

реклама
error: Содржината е заштитена со авторски права.