Следи нѐ
To Top

Голема зумба забава овој викенд во „Миднајт“

Немате план што да правите овој викенд? Ние ви предложуваме одлична забава и тоа „ЗУМБА“ забава, што ќе се случува овој петок (16 март) во ноќниот клуб „Миднајт“ од 20:30 часот.

Поминете една поинаква вечер каде сите околу вас ќе бидат многу разиграни, многу насмеани, многу позитивни и енергични, со еден збор зумбастични.

реклама

Најновите зумба кореографии, најновите зумба песни и зумба движења во изведба на лиценцирани инструктори од фитнес клубот „ФитОне“ кои ќе направат феноменалната зумбастична енергија да ја почувствуваат сите присутни овој петок.

Зумба забавата е наменета за сите љубители на зумба фитнес. Поканети се сите кои сакаат да видат што претставува споделување на енергија помеѓу толпа од зумба фанови и да се приклучат на забавата, како и тие што го практикуваат зумба фитнес надвор од фитнес клубот ФитОне.

Без никакви ограничувања во пол и возраст, без разлика на вежбачи или гледачи, поканети се сите, а забавата е загарантирана.

Повеќе информации може да добиете на следниот линк.

ПОВЕЌЕ ОД КАТЕГОРИЈАТА: МК Сцена

реклама
error: Содржината е заштитена со авторски права.