Следи нѐ
To Top

28-ми март е последен ден за пријавување на „Авицена женска трка“

Денес завршува вториот рок, а од утре, 16ти март, започнува последниот круг за Авицена Женска трка 2018. Оваа трка е во организација на Сојуз на спортови на Скопје, а под покровителство на Град Скопје како дел од промотивните трки на Виз Ер Скопски маратон 2018.

Трката ќе се одржи на 01 април, а последниот рок за пријавување е 28ми март. Организаторите ги повикуваат сите заинтересирани да ја посетат официјалната страна на Авицена Женска трка и да се впуштат во оваа еднодневна забавна авантура со вклучување во трката на www.zenskatrka.mk

реклама

Сите кои ќе се пријават денес ја имаат можноста нивното име да биде испишано на стартниот број. За директно пријавување може да се посети и партнерот за онлајн регистрација: www.smartrace.club

Во соработка со eventbaxx од Германија, организаторите воведуваат иновативен новитет, дигитален стартен пакет со изненадувања од партнерите. Во стартниот пакет се вклучени стартен број со чип, онлајн диплома во ПДФ формат, вода, учество во лотаријата на крајот од трката и подароци од спонзорите.

Оваа година трката ќе почне од Фонтана Лотос во Скопје, пред Градски парк и ќе се трча по булевар Илинден за прв пат правејќи ја оваа трка улична. Стартот и целта ќе бидат пред Фонтана Лотос на булевар Илинден и по самиот булевар ќе се трча еден круг од 2 км. Трката ќе започне во 10.00 часот, додека во 09.30 часот се предвидени аеробик вежби за загревање.

Низ годините организаторот успеа бројот на натпреварувачки да го зголеми благодарение на секој кој го поддржува настанот и секој кој е вклучен во него како тркачите, партнерите, спонзорите и многу други. Во 2017 година имаше околу 1.500 натпреварувачки и тоа се должи на ентузијазмот, трудот и пожртвуваноста на сите.

ПОВЕЌЕ ОД КАТЕГОРИЈАТА: Останато

реклама
error: Содржината е заштитена со авторски права.