Следи нѐ
To Top

Пред концертот во Скопје, Тропико бенд со нова песна и спот

Пред големиот солистички концерт закажан на 28 април во ВИП Арена „Борис Трајковски“, момците од ТРОПИКО бенд решија да ги израдуваат своите фанови. После три години од последното цеде, подготвија три нови песни од кои една е веќе пуштена во јавноста.

– „Синглот Само иди е една мала увертира за она што го подготвивме за нашата публика, иако сите три песни се сосема различни, не само една од друга, туку и од она што досега го работевме, со нетрпение ги очекуваме реакциите на публиката“, вели Сале, фронтменот на ТРОПИКО.

реклама

После видеото за песната Само иди се очекува екранизација и на дуетската песна со Џенан Лончаревиќ, и тоа под будното режисерско око на Вук Костиќ.

– „Повторно ги вкрстивме копјата со Џенан, но и со Вук, кој покрај улогата на режисер се најде и во главната улога во спотот. Единствено што можам да кажам е да очекувате едно големо изненадување и вистинска филмска приказна!“ – вели Сале.

И додека уживаме во новиот сингл Само иди со нетрпение го очекуваме 28 април, зашто познавајќи ја нивната енергија, музичко-сценски спектакл е она што најмалку може да се очекува.

ПОВЕЌЕ ОД КАТЕГОРИЈАТА: Музика

реклама
error: Содржината е заштитена со авторски права.