Следи нѐ
To Top

Знаеме ли зошто се слават Младенци?

Празникот Младенци се слави во знак на сеќавањето за 40 млади римски војници казнети поради примање на христијанската вера.

Со венчавката младите се заколнуваат на верност и љубов, исто како и настраданите младенци поради верноста кон Христа. Долговечна брачна љубов, колку романтично, дури и нестварно. Во првите години од бракот с,е е идеализирано, романтично, празникот Младенци се слави како круна на брачниот завет, а понатаму … Треба многу труд за трошка љубов, но трошка по трошка, љубовта ќе се нахрани во име на изминатата младост и очекуваната зрелост. А зрела љубов е кога ништо не се очекува, само се векува !

реклама

Кога познати и славни личности се сакаат, за тоа се зборува, озборува, пишува, филмува, драматизира и нивната љубов се препознава како вечна и идеализирана, едноставно невозможна за нас обичните смртници. Салвадор Дали бил опседнат со својата муза Гала, се венчал со неа после 5 години превземајќи ја од својот пријател, познатиот поет Пол Елијар, а следните 50 години ги проживеале возбудливо и многу комплицирано, но сепак заедно до крај. Така е кога ќе се спојат две уметности во едно, комплицирано но има трајни вредности. Џејмс Џојс, славниот автор на ремек-делото ,,Улис,, ја поврзува датата на првата средба со својата љубов Нора и целото дејство на споменатиот роман. 16 јуни 1904 година е ден кој подоцна во светот се слави како ,,Блумов ден” – празник на вљубениците на делото ,,Улис” и неговиот главен лик Леополд Блум.

Сергеј Јесенин уживал во поезијата, виното и жените, три пати се женел, но ќе остане запаметена неговата љубов со балерината Исидора Данкан, можеби затоа што успеале да ги прослават Младенците, точно една година биле во брак. Џон Ленон бил во брак кога ја сретнал Јоко Оно и после целовечерно водење љубов со вештата Јапонка, ја остава сопругата( Кама сутра чуда прави).

Медениот месец го поминуваат во кревет, во знак на протест против војната во Виетнам, а Ленон го прифаќа нејзиното презиме во знак на љубов. Најтурбулентната љубов, за која самите љубовници велат дека не успеала затоа што многу се сакале, е љубовта на Ричард Бартон и Елизабет Тејлор. Љубовта им почнува грешно, обајцата се во брак, ги критикува и Ватикан, но баш им е гајле, љубовта е посилна од с,e . Два пати се венчаваат, првиот брак им трае 10 години, а вториот само 9 месеци, но Бартон изјавува: ,,не можете два динамита да удирате еден од друг и да очекувате да нема експлозија” !

За љубовта на славните може да читаме и коментираме, но за љубовта во нашите обични секојдневни животи мора да учиме, да се трудиме и да сфатиме дека никој не може повеќе да не сака од мажот со кој делиме и добро и лошо, особено лошо. Нека ни се вечни Младенците

ПОВЕЌЕ ОД КАТЕГОРИЈАТА: Колумни

  • Интернетот загосподари…

    Господари со сето време на светов, влегува во сите слободни минути и како под хипноза минутите ги престорува во часови без...

    Татјана Алексиќмарт 22, 2018
  • Бес(з) трага од омраза

    „Од утро се мразам себе, а до вечер мразам се’ околу себе“. реклама

    Татјана Алексиќмарт 22, 2018
  • Теломанија

    „Ех да имам лепо тело плесао бих вече цело “ – Рок групата „Лабораторија звука“ , осумдесетите години на бившите Ју...

    Татјана Алексиќмарт 22, 2018
реклама
error: Содржината е заштитена со авторски права.