//
Следи нѐ
To Top

Изнесувањето на „Мона Лиза“ од Лувр чини 35 милиони евра

Позајмување на познатата уметничка слика „Мона Лиза“ од Леонардо да Винчи, на друг музеј, би чинело меѓу 30 и 35 милиони евра за три месеци, соопшти парискиот музеј Лувр, што е сопственик на сликата.

– Преместување на сликата во друг музеј на изложба, што подразбира симнување, обезбедување и преместување во заштитното стакло, трошоците за специјалниот превоз, амбалажата и финансиската загуба за Лувр додека сликата не е во музејот, чини меѓу 30 и 35 милиони евра, соопшти Управата на музејот.

реклама

Лувр во тој случај би имал губиток од околу 13 милиони евра, велат официјалните податоци.

Стручните лица оценуваат дека преместувањето на уметничкото дело, како што тоа го предложи француската министерка за култура Франсоаз Нисен, е премногу опасно за тоа чувствително ремек дело старо 400 години.

Минатиот месец Нисен изјави дека „сериозно размислува – симболот на Лувр од почетокот на 16. век да може да биде позајмуван на други институции за изложби“, како борба против „културната сегрегација”.

„Мона Лиза“ од 2005 година е заштитена со дебело непробојно стакло, заради заштита од фото-блицевите. Просторијата во која се наоѓа сликата, пак, има контролирана температура и влажност.

ПОВЕЌЕ ОД КАТЕГОРИЈАТА: Занимливости

  • Првиот пешачки 3-Д мост (видео)

    Во Шангај е пуштен во употреба најдолгиот бетонски пешачки мост на светот кој е изграден со технологија за 3-Д печатење. Автор...

    Информативна Редакцијааприл 4, 2018
  • Германeц се возел меѓу два вагона од воз со 200 километри на час

    Германeц кој патувал кон Хамбург со воз излегол да испуши цигара, па останал заглавен меѓу два вагона, во движење со брзина...

    Информативна Редакцијааприл 4, 2018
  • Кобила е „Австралијка на годината“

    Еден австралиски дневен весник номинираше кобила, како единствена кандидатка за избор на „личност“ која изминатава година покажа напорна работа, борбеност и...

    Информативна Редакцијааприл 4, 2018
реклама
error: Содржината е заштитена со авторски права.
%d bloggers like this: