//
Следи нѐ
To Top

ДОЛЧЕ И ГАБАНА: По нашата смрт нема да има нов дизајнер

Модните креатори Доменико Долче и Стефано Габана не планираат да ја продадат својата компанија, истакнувајќи дека по нивната смрт никој нема да ги наследи нивните места.

– Кога ќе заминеме од овој свет, не сакам некој јапонски креатор да почне да работи за Долче и Габана, истакна Стефано, додавајќи дека тој и Доменико по прекинот на љубовната врска одлучиле да не ја продаваат модната куќа, ниту да ја наследи некој од нивните семејства.

реклама

Габана додава дека не би сакал, во случај на смрт, да го наследи „некој роднина кој не знае ништо за бизнисот и на тој начин да ја уништи фирмата“.

Долче истакна дека двајцата не сакаат да ја продадат модната куќа и не им е важно да имаат многу пари, туку да работат и да бидат успешни во својот бизнис.

И едниот и другиот тврдат дека по прекинот на љубовната врска и понатаму имаат нераскинлив однос.

– Се што е мое, и негово е. Се што е негово, и мое е. Нашите партнери го знаат тоа и ако им одговара, тогаш е во ред, ако не им одговара, тогаш повторно е во ред, вели Долче.

Модната куќа „Долче и Габана“ е позната по луксузната облека која ја носат славни личности.

ПОВЕЌЕ ОД КАТЕГОРИЈАТА: Магазин

  • Првиот пешачки 3-Д мост (видео)

    Во Шангај е пуштен во употреба најдолгиот бетонски пешачки мост на светот кој е изграден со технологија за 3-Д печатење. Автор...

    Информативна Редакцијааприл 6, 2018
  • Германeц се возел меѓу два вагона од воз со 200 километри на час

    Германeц кој патувал кон Хамбург со воз излегол да испуши цигара, па останал заглавен меѓу два вагона, во движење со брзина...

    Информативна Редакцијааприл 6, 2018
  • Кобила е „Австралијка на годината“

    Еден австралиски дневен весник номинираше кобила, како единствена кандидатка за избор на „личност“ која изминатава година покажа напорна работа, борбеност и...

    Информативна Редакцијааприл 6, 2018
реклама
error: Содржината е заштитена со авторски права.
%d bloggers like this: