//
Следи нѐ
To Top

НЕОБИЧНИ ВЕЛИГДЕНСКИ ТРАДИЦИИ: Како се слави Велигден ширум светот

Во САД најраспространета е традицијата да се кријат шарени јајца низ домот или дворот и во недела наутро децата да ги бараат. Во повеќе земји од западна Европа неизбежни се чоколадните јајца и чоколадните зајчиња, но постојат и многу почудни традиции.

Во Словачка, Чешка, Полска и Унгарија припадничките на понежниот пол да не се изненадат ако некое машко ги удира по нозете и задникот со украсена прачка од врба или бреза. Тоа се прави со благослов да бидат здрави и убави.

реклама

Во овие земји девојките наутро може да бидат изненадени и со малку несекојдневно будење, со истурање вода врз главата, но традицијата им дава можност утредента тие истото да им го направат на машките.

Во Војводина ова прскање со вода е малку попријатно. Имено, наместо со вода девојките може да се испрскаат со парфем.

Во Германија не треба да се изненадите ако видите и дрво накитено со велигденски јајца.

Ако случајно се најдете на островот Крф, пазете да не ве погодат со некој глинен ќуп – традиција е на Велигден тие да се фрлаат низ прозор на улица.

Во Ирска се прави и мала војна околу кршење буренца на противничкиот тим.

Во Гвајана на пример, во понеделникот по Велигден се летаат змаеви кои се направени во саботата пред Велигден.

Меѓу најчудните обичаи се оние од скандинавските земји. Bо Норвешка се читаат детективски книги (особено делата на Агата Кристи), а сите телевизии емитуваат филмови со детективска и мистериозна тематика.

Необично, нели? Сепак, различностите се секогаш прекрасни.

ПОВЕЌЕ ОД КАТЕГОРИЈАТА: Занимливости

  • Првиот пешачки 3-Д мост (видео)

    Во Шангај е пуштен во употреба најдолгиот бетонски пешачки мост на светот кој е изграден со технологија за 3-Д печатење. Автор...

    Информативна Редакцијааприл 7, 2018
  • Германeц се возел меѓу два вагона од воз со 200 километри на час

    Германeц кој патувал кон Хамбург со воз излегол да испуши цигара, па останал заглавен меѓу два вагона, во движење со брзина...

    Информативна Редакцијааприл 7, 2018
  • Кобила е „Австралијка на годината“

    Еден австралиски дневен весник номинираше кобила, како единствена кандидатка за избор на „личност“ која изминатава година покажа напорна работа, борбеност и...

    Информативна Редакцијааприл 7, 2018
реклама
error: Содржината е заштитена со авторски права.
%d bloggers like this: