Следи нѐ
To Top

Хајди Клум со своето 16 години помладо момче се сончаат во Мексико

Хајди Клум е фотографирана од папараците како со нејзиното 16 години помладо момче, 28-годишниот музичар Том Каулиц, се одмораат во куќа покрај базен во Мексико.

„Дежурните фоторепортери“ ја фатија славната манекенка топлес и во опуштено издание со членот на бендот „Токио Хотел“.

реклама

Гласините за нивната љубовна врска се појавија минатиот месец кога беа видени заедно во Пасадена, а сега тоа е и потврдено.

Пред Том, Хајди беше во врска со трговецот со уметнички дела Вит Шнабел, а од 2005 до 2012 година беше во брак со пејачот Сил, со кој има четири деца.

Том (28) исто така, зад себе има неуспешен брак со Рија Сомерфелд, што траеше само една година.

ПОВЕЌЕ ОД КАТЕГОРИЈАТА: Музика

реклама
error: Содржината е заштитена со авторски права.