Следи нѐ
To Top

Концерт на MAGNIFICO во Скопје!

Во петок, на 13-ти април, едно од најинтригантните имиња на музичката сцена во регионов, словенечкиот музичар Роберт Пешут Мањифико доаѓа во Скопје подготвен да приреди незаборавно концертно доживување за македонската публика.

Неговиот концерт ќе се одржи во клубот Станица 26, со почеток во 20:30 часот, а за овој ексклузивен настан достапни се само ограничен број билети кои се продаваат преку продажната мрежа на MkTickets и тоа по цена од 300 денари во претпродажба (на врата: 400 денари).

реклама

Мањифико (Magnifico) со својата еклектична музика надополнета со препознатливиот хумор и иронија важи за една од најистакнатите музички фигури на просторот на поранешна Југославија. Својата музика тој ја опишува како ретро шик, со комбинација на балкан-диско шлагери и џез. Неговата музичка кариера која се протега низ повеќе од три децении, ја одбележуваат бројни огромни хитови коi го освоија целиот Балкан, а со 11-те објавени албуми и повеќе од 1000 концерти одржани досега тој изгради и успешна меѓународна кариера.

Тој воедно ја компонираше музиката за некои од најуспешните филмови во регионов, а негова најпозната соработка на ова поле е со српскиот актер, режисер и продуцент Драган Бјелогрлиќ. Автор е на музиката за филмовите „Монтевидео, Бог те видео!“ и „Монтевидео, видимо се!“, а за време на овие проекти Magnifico соработуваше и со шпанската дива Луз Касал. Исто така, автор е и на музиката за популарната серија „Сенки над Балканот“ во моментов актуелна и кај нас.

Покрај забавниот карактер, неговата музика е критички настроена кон различни општествени проблеми – стереотипи, предрасуди, ксенофобија и хомофобија се често теми во неговите стихови, кои во минатото предизвикаа и големи контроверзии.

Во 2016-та, Мањифико го објави албумот насловен „Charlatan de Balkan“, а ова остварување тој го претставува на актуелната регионална турнеја во чии рамки гостува и во Скопје.

ПОВЕЌЕ ОД КАТЕГОРИЈАТА: МК Сцена

реклама
error: Содржината е заштитена со авторски права.