Поврзи се со нас
Маркетинг

Популарно.мк

Прашања несоодветни за првата средба

Љубов

Прашања несоодветни за првата средба

Жената секогаш има по малку трема на прв состанок со момче коешто и се допаѓа. И тука секогаш се вртат прашањата: Што да правам? Што смеам да кажам, а што не?

До каде е дозволено и пристојно да „испрашувате“? Она што најмногу не интересира, е – што човекот спроти нас бара од партнерката или пак зошто раскинал со претходните девојки. Меѓутоа, познавачите велат дека тие прашања треба да ги оставиме настрана на првиот состанок.

Првата средба треба да биде – само забава, на која ќе разговараме за „површни“, позитивни теми. И, да избегнуваме лоши спомени од минатото… Така создаваме првична позитивна слика за себе.

Може да го прашате и за семејството, хобито, каде оди на одмор. Избегнувајте теми за политика, лошото време или пак прашања околу тоа – зошто тој моментно е „слободен“.

Се препорачува и да посветите внимание на тоа како тој се снаоѓа во разговорот – дали е речит, каков е говорот на телото, дали споделувате заеднички интереси. Тоа е всушност и темелот на една успешна врска.

Информативна Редакција

Главниот и одговорен уредник на веб порталот Популарно.мк. Ѓорги е перспективен новинар кој со својата креативност и талент го направи Популарно.мк дел од водечките информативни сајтови во Македонија. Во исто време е регионален известувач за CNN од Македонија и главен на продукцијата GPTM Production.

Повеќе од Љубов

Маркетинг
ДО ВРВ
error: Содржината е заштитена со авторски права.