fbpx
Поврзи се со нас
Маркетинг

Популарно.мк

Телеком нуди неограничено гледање на видео содржини на интернет

Интернет

Телеком нуди неограничено гледање на видео содржини на интернет

Македонски Телеком на своите Smart и Magenta 1 корисници им нуди нова опција VIDEO со која ќе може неограничено да гледаат видео содржини од Youtube, Netflix, HBO GO и MaxTV GO на својот смартфон, без притоа да трошат од мобилниот интернет вклучен во претплатата.

Опцијата Video е за сите оние кои не можат да се разделат од најновите хитови на Youtube каналите на светските музички ѕвезди, оние кои сакаат да ги следат најгледаните ТВ серии на Netflix и HBO GO, како и сите оние кои сакаат да се информираат преку содржините на MaxTV GО.

За да може да ги гледате содржините на Netflix, HBO GO и MaxTV GO потребно е да сте регистриран корисник на овие стриминг сервиси. Услугата не го троши мобилниот интернет вклучен во пакетот, но потребно е да имате мобилен интернет за да може да функционира.

За оваа опција не ви се потребни инсталации и ажурирања на смартфонот, и функционира без разлика на типот на мобилниот уред или оперативниот систем.

Месечната цена за опција Videо е 99 денари во Smart и Magenta 1 M, додека за корисниците на Smart и Magenta 1 L опцијата е достапна за 0 денари.

Опцијата Videо се активира со повик кон 122 или во Телеком продавниците. Услугата е комерцијално достапна од утре, 18 април.

Информативна Редакција

Главниот и одговорен уредник на веб порталот Популарно.мк. Ѓорги е перспективен новинар кој со својата креативност и талент го направи Популарно.мк дел од водечките информативни сајтови во Македонија. Во исто време е регионален известувач за CNN од Македонија и главен на продукцијата GPTM Production.

Повеќе од Интернет

Маркетинг

Трендинг

Маркетинг
ДО ВРВ
error: Содржината е заштитена со авторски права.