Следи нѐ
To Top

Албанија и Косово стануваат дел од регионалната иницијатива за поевтин роаминг

Албанија и Косово се приклучуваат кон регионалната иницијатива на четирите држави од Западен Баалкан за намалување на цените на роамингот. Поконкретни информации околу намалување на цените на роамингот се очекуваат на самитот во мај во Софија.

– Среќни сме што кон нашата регионална иницијатива, која почна меѓу четири држави, сега сакаат да се приклучат и Албанија и Косово, и што оваа иницијатива е прифатена и поддржана од страна на ЕК. Конкретни информации очекуваме на Самитот во Софија во мај, истакна македоскиот министер за информатичко општество и администрација Дамјан Манчевски на прес-конференцијата по отворањето на Првиот дигитален самит за Западен Балкан што денeска и утре се одржува во Скопје.

реклама

Појасен патоказ околу намалување на цените на роамингот на земјите од Западен Балкан со земјите од ЕУ, како што најави еврокомесарката за дигитална економија и општество Марија Габриел, се очекува на самитот во Софијa.

– Се разбира, основен чекор е двете држави, што сега не се вклучени во спогодбата на четирите земји, тоа да го направат за да може во тој момент Европската комисија да има поголема сила во преговорите со сите учесници во процесот. Ние заедно со институците и операторите неколу месеци разговараме и преговараме што ни дозволува на 17 мај во Софија да претставиме конкретен план за намалување на цените за роаминг што и за нас и за сите граѓани од шестте држави е многу важно, нагласи Габриел.

Спогодбата за поевтин роаминг меѓу државите од Западен Балкан досега ја имаат потпишано Македонија, Србија, Црна Гора и Босна и Херцеговина.

ПОВЕЌЕ ОД КАТЕГОРИЈАТА: Мобилни

  • Samsung Galaxy S10 може да има тројна камера
    Samsung Galaxy S10 може да има тројна камера

    Откако Huawei го објави импресивниот P20 Pro, телефоните со три камери на задниот панел ќе станат се попопуларни и ќе се...

    Информативна Редакцијааприл 18, 2018
  • Сони може да се откаже од паметните телефони
    Сони може да се откаже од паметните телефони

    Пазарот на мобилни телефони преживува тешки времиња. Испораките се намалени дури и кај големи компании како Епл и Самсунг. Најтешка ситуацијата...

    Информативна Редакцијааприл 18, 2018
  • Самсунг го претстави неверојатниот Галакси Ј6
    Самсунг го претстави неверојатниот Галакси Ј6

    Компанијата Самсунг Електроникс го претстави својот најнов член на Галакси (Galaxy) семејството – паметниот телефон Самсунг Галакси Ј6 (Samsung Galaxy J6)....

    Информативна Редакцијааприл 18, 2018
реклама
error: Содржината е заштитена со авторски права.