//
Следи нѐ
To Top

Патување околу светот за девет евра

Португалската туристичка  агенција Ворлд лајф експириенс нуди можност да го пропатувате светот, а згора на се, и да добиете пари за тоа.

Компанијата е во потрага по 11-мина кои целата наредна 2019 година ќе ја минат патувајќи околу светот. Се што треба заинтересираните да направат, е да пополнат пријава, којашто чини девет евра, и да чекаат да бидат избрани. Рокот за пријавување истекува на 20 јули годинава.

реклама

Оваа понуда не е нова идеја, оти веќе во јануари започна првото вакво патување. Единаесетмина среќници моментно се на своето патување, на кое ќе посетат три континенти.

Следните 11 одбрани на конкурсот ќе посетат пет континенти, и во секој град каде што ќе се сместат, ќе престојуваат по две недели. Од нив, еден дел ќе го минат во работа, дел во учење, а дел на забава, и за сето тоа ќе добиваат по 2.500 евра месечно.

Кандидатите мора да имаат над 21 година, а помалку од 39 години. Другите критериуми се: одговорност, проактивност, толерантност, високо познавање на англискиот јазик, комуникативност, флексибилност и колегијалност.

Одбраните ќе бидат од различни држави и ќе треба своите искуства од патувањата да ги споделуваат на друштвените мрежи.

Патувањето околу светот ќе започне во средината јануари и ќе трае до крајот на ноември.

ПОВЕЌЕ ОД КАТЕГОРИЈАТА: Магазин

  • Првиот пешачки 3-Д мост (видео)

    Во Шангај е пуштен во употреба најдолгиот бетонски пешачки мост на светот кој е изграден со технологија за 3-Д печатење. Автор...

    Информативна Редакцијааприл 18, 2018
  • Германeц се возел меѓу два вагона од воз со 200 километри на час

    Германeц кој патувал кон Хамбург со воз излегол да испуши цигара, па останал заглавен меѓу два вагона, во движење со брзина...

    Информативна Редакцијааприл 18, 2018
  • Кобила е „Австралијка на годината“

    Еден австралиски дневен весник номинираше кобила, како единствена кандидатка за избор на „личност“ која изминатава година покажа напорна работа, борбеност и...

    Информативна Редакцијааприл 18, 2018
реклама
error: Содржината е заштитена со авторски права.
%d bloggers like this: