//
Следи нѐ
To Top

Човек вооружен со нож уапсен пред домот на Тејлор Свифт

Човек вооружен со нож, јажe, црна маска и ракавици викендов бил уапсен додека се обидувал да влезе во домот на поп-пејачката Тејлор Свифт во Лос Анџелес.

Во автомобилот на натрапникот по име Џулиус Александер Сандрок полицијата нашла уште маски, празна футрола за пиштол, муниција и антидепресиви. Надлежните се сомневаат дека тој веќе некое време ја следел пејачката, објави весникот „Дејли Меил“.

реклама

На уапсениот 38-годишен натрапник му е одреден притвор со кауција од 150.000 долари. Свифт не била во својот дом кога се случил немилиот настан. Инцидентот доаѓа една недела откако друг човек е обиде да се прекачи преку ѕидот околу нејзината куќа во Беверли Хилс, а човек од Конектикат ограби банка и ги фрли парите во дворот на палата што Свифт ја има на атланскиот брег на САД.

ПОВЕЌЕ ОД КАТЕГОРИЈАТА: МК Сцена

реклама
error: Содржината е заштитена со авторски права.
%d bloggers like this: