Следи нѐ
To Top

Нова оригинална туристичка атракција на Малдивите (ВИДЕО)

Пловечките бунгалови минатата година беа најчест избор на  посетителите на Малдиви. Меѓутоа, оваа земја сега добива нова туристичка атракција – подводна вила, прва во светот од таков вид, а се наоѓа на островот Рангали.

Називот на резиденцијата е Мурака, што значи корал на дивехи – јазикот што се говори во оваа островска држава во Индискиот Океан.

реклама

Објектот е дизајниран така што во целост се вклопува во подводното окружување, овозможувајќи им на гостите „да бидат дел од подводниот свет“.

– Инпсирирани и со желба да понудиме нови искуства за туристите, со првата подводна резиденција на светот на гостите им овозможуваме да ги истражат Малдивите од целосно нова перспектива, од под морската површина, истакнува директорот на компанијата Краун, Ахмед Салим, кој воедно е и главен архитект и дизајнер на Мурака.

Нова оригинална туристичка атракција на Малдивите (ВИДЕО)

Објектот има две нивоа – едно над површината на океанот и едно под неа. Подводното ниво се состои од спална соба со голем кревет, дневна, бања и спирални скали што водат до горното ниво.

Горниот дел пак, има двокреветни соби, бањи, сала за вежбање, соби за батлерите, приватни безбедносни простории, заеднички дневен престој, кујни, бар, тарпезарија и палуба со поглед кон зајдисонцето.

Вилата одеднаш може да прими вкупно девет лица.

ПОВЕЌЕ ОД КАТЕГОРИЈАТА: Магазин

  • На Месечината има погребан човек

    На Месечината има многу „ѓубре“ од луѓето што ја посетиле: делови од летала и сонди, камери, ранци, па дури и голф-топче…...

    Информативна Редакцијааприл 19, 2018
  • Јапонец ќе биде првиот турист на Месечината

    Јапонскиот милијардер и тајкун од областа на интернет продажбата, Јусаку Маезава (42) ќе биде првиот што туристички ќе ја посети Месечината....

    Информативна Редакцијааприл 19, 2018
  • Трите одлики на секој успешен човек

    Кога ги гледате успешните луѓе околу вас, забележувате дека имаат многу заедничко. Сите успешни жени, на пример, блескаат од самодоверба. реклама

    Информативна Редакцијааприл 19, 2018
реклама
error: Содржината е заштитена со авторски права.