Следи нѐ
To Top

Најголемите хитови на прерано починатиот диџеј Авичи (ВИДЕО)

Вчеравечер светот беше потресен од веста за смртта на младиот и светски познат продуцент и диџеј Авичи, кој почина на 28-годишна возраст. Во чест на неговиот лик и дело, ќе ве потсетиме на најголемите музички хитови на младиот артист.

Тим Берглинг е роден во Шведска и почнува да продуцира музика на 16 години, а благодарејќи на успехот првите турнеи низ светот ги има на 18 години. Од тогаш, светот го знае како Авичи и во наредните 8 години, се до повлекувањето од сцената во 2016 година, издава голем број на хитови, но и соработки со светски познати артисти.

реклама

Авичи бил номиниран за две Греми награди во својата кариера, а неговата најпозната песна „Wake Me Up“ ги освои топ листите ширум светот во 2013 година.

Тој исто така има освоено две Билборд музички награди, а беше номиниран и за најдобар албум на овогодинешното доделување на истоимените награди.

Откако светот го обиколи веста за смртта на Авичи, неговите колеги диџеи се поздравија со него преку социјалните мрежи.

„Опустошувачка вест за Авичи, прекрасна душа, страст и екстремен талент за многу повеќе!“, напиша диџејот Калвин Харис. „Моето сочувство е со неговата фамилија. Почивај во мир Тим“

Во продолжение ќе се потсетиме на неговите најголеми хитови:

“Levels,” 2011

“Wake Me Up,” 2013

“Hey Brother,” 2013

“You Make Me,” 2013

“The Nights,” 2014

“The Days,” 2014

“Addicted to You,” 2013

“Without You,” 2017

“Lonely Together,” 2017

Смртта на Авичи е голема загуба за светот на електронската денс музика.

ПОВЕЌЕ ОД КАТЕГОРИЈАТА: Музика

реклама
error: Содржината е заштитена со авторски права.