Следи нѐ
To Top

НОВО БЕБЕ ВО КРАЛСКОТО СЕМЕЈСТВО: Кејт и Вилијам добија син

Кејт, војвотката од Кембриџ, денеска се породи со машко дете, нејзино трето дете со војводата Вилијам.

Војвотката Кејт (36), пред бракот позната како Кејт Мидлтон, се породи во болницата Света Мери во Лондон, и тоа на британскиот национален празник, денот на Свети Ѓорѓи. Таткото Вилијам (35) присуствувал при породувањето, информираше кралското семејство.

реклама

На улиците на Лондон владее славеничка атмосфера, а граѓаните се собираат да и го честитаат третото дете на војвотката. Кејт и Вилијам веќе имаат син, Џорџ, и ќерка Шарлота. Новороденото бебе сега е петто во линијата за наследување на британскиот престол, по својот дедо Чарлс, таткото Вилијам, братчето и сестричката.

ПОВЕЌЕ ОД КАТЕГОРИЈАТА: Занимливости

реклама
error: Содржината е заштитена со авторски права.