Следи нѐ
To Top

„Грин бич фестивал“ ова лето на нова локација!

Најголемиот фестивал на електронската музика кај нас, GREEN BEACH FESTIVAL (Грин Бич Фестивал) ова лето ќе се одржува на нова локација на крајбрежјето на Охридското Езеро и тоа за прв пат во прекрасната Струга – славниот град на поезијата и на волшебниот Црн Дрим!

Со поддршка од локалната самоуправа во Струга, градот и Фестивалот ја добиваат новата GREEN BEACH брендирана плажа која се наоѓа во непосредна близина на хотелот „Еуротел“ и која ги гарантира сите високи организациски стандарди неопходни за реализација на музички настан од калибарот на GREEN BEACH FESTIVAL.

реклама

Деветта година по ред, GREEN BEACH FESTIVAL продолжува да се одржува со импозантни хедлајнери од глобалната електронска сцена, кои гостуваат кај нас во врвот од својата кариера и со кои овој настан прерасна во синоним за најквалитетно електронско доживување.

Ова лето, GREEN BEACH FESTIVAL ќе се одржи на 27-ми јули, а публиката на Фестивалот ќе има привилегија да го погледне премиерниот настап во Македонија на најпопуларната дама на светската електронска сцена, прогласена и за најдобар диџеј за 2017-та година – НИНА КРАВИЦ! Сибирската техно дива е позната по бескомпромисните и енергични диџеј-сетови со музика која многумина не би се осудиле да ја „вртат“, а во изминатата година имаше и завршни сетови на одбрани фестивали за кои потоа се зборуваше низ целата планета. Таа важи за една од најхаризматичните личности на електронската сцена, а нејзините настапи се прочуени по уникатното и интензивно чувство со кое ја восхитува публиката.

На 27-ми јули, во врвот од нејзината кариера, најзначајната техно дама на денешницата конечно гостува за прв пат во Македонија, со настап на Green Beach Festival во Струга!

УТРЕ ПОЧНУВА ПРОДАЖБАТА НА БИЛЕТИТЕ ЗА GREEN BEACH FESTIVAL!

Утре, во среда (25-ти април) започнува продажбата на првиот контингент влезници за GREEN BEACH FESTIVAL кои ќе се продаваат по најповолната, промотивна цена: 500 денари, а која важи само за првите 1000 купувачи. Продажбата на билетите ќе започне утре, точно на пладне и ќе се спроведува во сите продажни места на МкТикетс и онлајн.

ПОВЕЌЕ ОД КАТЕГОРИЈАТА: Музика

реклама
error: Содржината е заштитена со авторски права.