Следи нѐ
To Top

Росица Мршиќ ја претстави новата колекција „Celia“ (ФОТОГАЛЕРИЈА)

Дизајнерката Росица Мршиќ ја претстави најновата колекција наречена „Celia“ вчеравечер во Центарот за дизајн и иновации „Јавна соба“, во организација на Моден викенд Скопје.

Модните креации кои се инспирирани од портретите на Силија Биртвел насликани од познатиот англиски уметник Дејвид Хокни беа прикажани на несекојдневен начин со моден перформанс во неколку простории.

реклама

Новите модни парчиња за сезоната пролет-лето се нетипични за досегашната работа на Мршиќ, спакувани во шик колекција со лелеави силуети.

Росица Мршиќ ја претстави новата колекција „Celia“ (ФОТОГАЛЕРИЈА)

– „Парчињата кои ги создавам ги портретирам како парчиња кои се за секој ден, секоја пригода но секогаш интригантни и возбудливи. Силни бои, цветни стилизирани принтови, црна и мека бела боја, артистични текстури на материјал, кроеви сложено изработени, ја прават „Celia“ карактерно романтична, авангардна и ласцивна“, рече Мршиќ.

ПОВЕЌЕ ОД КАТЕГОРИЈАТА: Магазин

реклама
error: Содржината е заштитена со авторски права.