Следи нѐ
To Top

Ако сте често нервозни, можеби имате недостаток на магнезиум

Магнезиумот е минерал, кој учествува во активноста на околу 300 ензими во организмот, а неговите најважни функции се: минерализација на коските, пренос на нервните сигнали, регулирање на крвниот притисок и срцевиот ритам и регулирање на контракцијата на мускулите.

Најважниот мускул, чија функција зависи од внесот на магнезиумот е срцето. Сè повеќе се проучува поврзаноста на недостатокот на магнезиум со неправилната работа и нарушувањата на срцето, развојот на ангина пекторис и многу други појави.

Недостатокот е честа појава

реклама

Преку вообичаена исхрана дневно се внесуваат 180-300 мг. магнезиум, меѓутоа, треба да се земе во предвид дека организмот е во состојба да апсорбира само една третина од магнезиумот, кој се внесува преку исхраната. За намалувањето на ресорпција на магнезиумот од храната влијае и застапеноста на мастите во исхраната, внесот на фосфати, алкохол, стрес и некои видови на лекови.

Недостатоците од магнезиумот можат да се појават во текот на растењето и развојот на децата, за време на бременоста, при повраќање, дијареа и хронични заболувања на бубрезите, при интензивен стрес, при повраќање и хронични заболувања на бубрезите , при внесување на масна храна, прекумерно консумирање на млечни производи, итн.

Симптомите од недостаток на магнезиум вклучуваат слабост на организмот, грчеви во мускулите, нарушена работа на срцето, раздразливост и главоболки.

При недостаток во органимот се препорачува внесување на диететски додатоци на база на магнезиум, особено за превенција од срцеви и кардиоваскуларни заболувања, појава на висок крвен притисок, дијабетис, нервна напнатост, раздразливост, нарушување на спиењето, при бременост и доење, секако во консултација со лекар.

Извор на магнезиум во храната

  • Блитва– идеална за подготовка на лесни јадења, а освен со магнезиум, богата е и со калиум, железо, минерални остатоци, витамин Ц. Една шоља варена блитва задоволува и до 50% од дневната потреба за магнезиум.
  • Спанаќ– се вбројува во нутритивно најбогатиот зелен зеленчук. Една шоља варен спанаќ задоволува 40% од дневната потреба за магнезиум.
  • За надоместување на магнезиумот треба почесто да се грицкаатбадеми,ореви,лешници,кикирикиили уште подобро,семки од тикваисончоглед. Една четвртина шоља бадеми задоволува речиси 70% од дневните потреби за магнезиум, а истата количина на семе од тиква дури 85%
  • Помеѓу другите страни,сојатае позната и како богат извор на магнезиум. Уште повеќе магнезиумот се содржи во сирењето од соја, тофу. Половина шоља задоволува околу 40% од дневните потреби за овој минерал.
  • Јогуртотво 100 гр. содржи околу 20 мг. магнезиум.
  • Во 100 гр. чоколадо има околу 230 мг. магнезиум, што претставува 75% од дневните потреби за овој минерал.

ПОВЕЌЕ ОД КАТЕГОРИЈАТА: Ви препорачуваме

реклама
error: Содржината е заштитена со авторски права.