Следи нѐ
To Top

Ибица ја очекуваат големи промени

На жителите на Ибица, шпанскиот остров познат по спектакуларниот ноќен живот, веројатно им здодеаа лудите ноќни забави, поради што над 500 луѓе протестираа заради пренаселеноста и пренатрупаноста во туристичката сезона.

Протестот организиран од локалната група „Проу“, има за цел да се укине приватизацијата на плажите, да се намали бројот на бродовите за забава, намалување на стапката на криминал на островот, како и зголемување на цените за изнајмување соби. На крајот, тука е и проблемот со бучавата.

реклама

– Ние не одбиваме туризам, но не сакаме неограничен туризам, и целосно непочитување на локалните жители, изјави Анхел Ескандел, еден од организаторите на протестот.

Ибица има 130.000 жители, а во 2017 година, островот го посетиле 3,2 милиони туристи, што е за пет отсто повеќе во однос на претходната година.

ПОВЕЌЕ ОД КАТЕГОРИЈАТА: Магазин

реклама
error: Содржината е заштитена со авторски права.