Поврзи се со нас
Маркетинг

Популарно.мк

ВИКЕНД ПРОГНОЗА: Сончево, попладне можен локален дожд

Вести

ВИКЕНД ПРОГНОЗА: Сончево, попладне можен локален дожд

Времето ќе биде сончево со мала до умерена облачност, попладне со локален краткотраен дожд и грмежи, особено на исток и североисток.

Утринската температура ќе се движи од пет до 13, а дневната од 24 до 30 степени.

Во Скопје слично време, сончево, од попладневните часови со услови за појава на краткотрајна нестабилност и понекаде со повремен дожд и ретки грмежи. Ќе дува слаб до умерен југоисточен ветер. Утринската температура ќе се спушти до 11, а дневната ќе се искачи до 29 степени.

Продолжува период на топло време со слаб до умерен развој на нестабилна облачност и понекаде со краткотраен дожд и ретки грмежи, претежно во попладневните часови. Повеќе услови за нестабилност има денеска на исток и североисток и во понеделник. За време на викендов долж Повардарието ќе дува југоисточен ветер, кој повремено ќе засилува.

Информативна Редакција

Главниот и одговорен уредник на веб порталот Популарно.мк. Ѓорги е перспективен новинар кој со својата креативност и талент го направи Популарно.мк дел од водечките информативни сајтови во Македонија. Во исто време е регионален известувач за CNN од Македонија и главен на продукцијата GPTM Production.

Повеќе од Вести

Маркетинг
ДО ВРВ
error: Содржината е заштитена со авторски права.