Следи нѐ
To Top

Зголемена фреквенцијата на возила на ГП Богородица за излез кон Грција

Зголемена фреквенција на возила и патници денеска е забележана на граничниот премин Богородица на македонско-грчката граница.

За излез од утрово на овој граничен премин на македонска страна работеле шест ленти, а времето на чекање не било подолго од 15 минути.

реклама

Од Граничниот премин информираат дека во однос на вчерашниот ден забележано е зголемување за 100 проценти. Од утрото до пладне поминале 5000 патници за излез од државата.

Попладнево фреквенцијата на возила и патници е намалена, а на граничниот премин работат две до три ленти.

ПОВЕЌЕ ОД КАТЕГОРИЈАТА: Вести

реклама
error: Содржината е заштитена со авторски права.