Поврзи се со нас
Маркетинг

Популарно.мк

Некогаш белиот Таџ Махал потполно ја промени бојата

Магазин

Некогаш белиот Таџ Махал потполно ја промени бојата

Индискиот Врховен суд побара од Владата да обезбеди странска помош, за решавање на проблемот со бојата на храмот Таџ Махал.

– Иако имате експертиза, не ја користите, или пак, можеби и не ви е грижа, наведува Врховниот суд на земјата во барањето упатено до Владата.

Зданието изградено од бел мермер и други материјали во 17. век сега е целосно жолто, а некаде со валкано кафеава и зелена боја. Загаденоста, градежниот материјал и изметот од инсекти се дел од причините.

Владата претходно наложи затворање на илјадници фабрики во околината на Таџ Махал, но активистите тврдат дека некои се уште работат. Проблем со загаденоста не е новост. Веќе неколкупати во последниве две децении ѕидовите се чистат, но состојбата само се влошува.

Храмот е изграден од царот на индиското Мугалско Царство, Шах Џахан како мавзолеј за својата покојна „омилена жена“ Мумтаз Махал. Се наоѓа 210 километри јужно од Њу Делхи.

Овој значаен културно-историски објект го посетуваат 70.000 луѓе дневно.

Информативна Редакција

Главниот и одговорен уредник на веб порталот Популарно.мк. Ѓорги е перспективен новинар кој со својата креативност и талент го направи Популарно.мк дел од водечките информативни сајтови во Македонија. Во исто време е регионален известувач за CNN од Македонија и главен на продукцијата GPTM Production.

Повеќе од Магазин

Маркетинг
ДО ВРВ
error: Содржината е заштитена со авторски права.