Поврзи се со нас

Популарно.мк

Skopje Cocktail Week – настан кој ја слави коктел културата

Магазин

Skopje Cocktail Week – настан кој ја слави коктел културата

Првата недела на мај месец резервирајте ја за пролетни прошетки низ скопските улици и локалите кои се дел од Skopje Cocktail Week. Она што ќе може да го искусите се совршено креирани коктели наменети за сезоната што следи.

Во периодот од 03-ти до 10-ти мај, се одржува второто издание на Skopje Cocktail Week, настан кој се случува на иницијатива и во организација на Гемак – компанија која веќе 27 години на пазарот е присутна како ексклузивен партнер на светската компанија Diageo, како застапник на познатите брендови: Johnnie Walker, Smirnoff, Captain Morgan, Baileys, Bulleit whiskey, CIROC и Zacapa.

Имајќи го позитивното искуство и фидбек од минатогодишното издание, оваа година повторно го нудиме Skopje Cocktail Week како платформа за едукација на фелата, но и како препознатлив концепт настан кој нуди нови искуства за гостите.

Во рамките на настанот ќе бидат опфатени вкупно 12 локали во кои посетителите ќе може да нарачаат и да вкусат избор на 7 коктели.

Дополнително, гостите ќе имаат можност да добијат интересни подароци од промотивниот тим на Skopje Cocktail Week. Оваа година покрај ова издание, ќе следи и есенско – зимско издание на Skopje Cocktail Week.

Се гледаме на Skopje Cocktail Week!

Информативна Редакција

Главниот и одговорен уредник на веб порталот Популарно.мк. Ѓорги е перспективен новинар кој со својата креативност и талент го направи Популарно.мк дел од водечките информативни сајтови во Македонија. Во исто време е регионален известувач за CNN од Македонија и главен на продукцијата GPTM Production.

Повеќе од Магазин

Маркетинг

Трендинг

ДО ВРВ
error: Содржината е заштитена со авторски права.