Следи нѐ
To Top

МВР изведе вежба со напад на пловен објект во Охридското Езеро

Припадниците на Единицата за специјални задачи, езерската полиција и хеликоптерската единица денеска, во рамки на одбележувањето на 7 Мај-Денот на македонската полиција, презентираа дел од своите професионални можности. Тие изведоа тактичко-показна вежба со напад на пловен објект поради совладување и лишување од слобода на опасни лица.

На вежбата во Охрид присуствуваше и министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски.

реклама

– Во Охрид денеска, по многу години, се изведе една тактичко-показна вежба во која ги покажаа своите можности и капацитети Единицата за специјални задачи, хеликоптерската единица и езерската полиција. Можеа да се видат сите можности на македонските полицајци, пред се на специјалните единици и со тоа да покажеме дека сме подготвени да одговориме на било каков предизвик кој може да ја загрози безбедноста на Република Македонија, рече министерот Спасовски.

Во рамки на одбележувањето на Денот на македонската полиција, централната манифестација ќе биде утре на градскиот стадион во Штип, каде припадниците на МВР ќе ги презентираат своите можности преку повеќе показни вежби. МВР ги покани граѓаните да ги проследат показните вежби.

ПОВЕЌЕ ОД КАТЕГОРИЈАТА: Вести

реклама
error: Содржината е заштитена со авторски права.