Следи нѐ
To Top

СКОПЈЕ ВО РИТАМОТ НА МАРАТОНОТ: Рекордни 10.000 маратонци од 58 земји трчаат низ скопските улици

Утринава беше означен стартот на 14-от Виз Ер Скопски маратон на кој оваа година пријавени се рекордни 10.000 маратонци од 58 земји од светот. 

Маратонот, полумаратонот и штафетниот маратон почнаа во 8:30 часот, а трката од 5 км во 8:40 часот. Стартот на трките беше пред Порта Македонија.

реклама

На маратонот годинава присуствува и ексклузивната гостинка, светската рекордерка, Пола Редклиф.

За потребите на организацијата на маратонот Градот Скопје обезбеди логистичка и финансиска поддршка. Сите јавни претпријатија на градот се ставени на располагање да се погрижат за состојбата и безбедноста на патеката долга 42.195 метри. Во организацијата на маратонот се вклучени стотици професионалци и волонтери кои се грижат маратонот да помине во најдобар ред.

Виз Ер Скопски маратон константно се надградува и оваа година како дел од настанот се вклучија македонските радија, познати диџеи, бендови и оркестри со цел да ја збогатат целата патека со музика и забава.

Поради одржувањето на Виз Ер Скопскиот маратон во градот има посебен сообраќаен режим.

ПОВЕЌЕ ОД КАТЕГОРИЈАТА: Вести

реклама
error: Содржината е заштитена со авторски права.