Поврзи се со нас
Маркетинг

Популарно.мк

Дуа Липа ќе пее на финалето од Лигата на шампионите

Музика

Дуа Липа ќе пее на финалето од Лигата на шампионите

Популарната британска пејачка Дуа Липа ќе настапи на 26 мај на стадионот во Киев пред почетокот на финалниот натпревар од Лига на шампионите меѓу Реал Мадрид и Ливерпул.

–  Почестена сум што ме повикаа, тоа е можност што се добива еднаш во животот. Среќна сум што ќе бидам дел од тој спектакл, планирам да направам неверојатно шоу, изјави 22-годишната пејачка.

Дуа Липа е родена во Лондон и има албанско потекло, а нејзиното семејство во 90-тите години се преселило од Косово.

Изминативе години меѓу познатите музички имиња кои настапија на финалето на Лигата на шампионите се групата Блек ај пис и пејачката Алиша Кис.

УЕФА вчера соопшти дека финалето ќе го суди српскиот арбитер Милорад Мажиќ.

Информативна Редакција

Главниот и одговорен уредник на веб порталот Популарно.мк. Ѓорги е перспективен новинар кој со својата креативност и талент го направи Популарно.мк дел од водечките информативни сајтови во Македонија. Во исто време е регионален известувач за CNN од Македонија и главен на продукцијата GPTM Production.

Повеќе од Музика

Маркетинг
ДО ВРВ
error: Содржината е заштитена со авторски права.