Поврзи се со нас
Маркетинг

Популарно.мк

Скорсезе и Бланшет го прогласија 71. Филмски фестивал во Кан за отворен

Сцена

Скорсезе и Бланшет го прогласија 71. Филмски фестивал во Кан за отворен

Американскиот режисер Мартин Скорсезе и австралиската глумица Кејт Бланшет, синоќа го прогласија за отворен 71. Филмски фестивал во Кан, прв по избивањето на скандалот со американскиот продуцент Харви Вајнстин.

– Ние ја споделуваме страста кон кинематографијата, сите сме овде, за да ја славиме седмата уметност, истакна режисерот на „Таксист” и „Починатите“, кој заедно со Бланшет официјално го отворија фестивалот, кој ќе трае 12 дена.

Скорсезе ја доби специјалната награда „Златна кочија” за неговата „смелост и решителност во режирањето и продукцијата“. Оваа награда се врачува на самото отворање на свеченоста, почнуваќи од 2002 година.

Новитет на годинешниот фестивал, меѓу другото, е и тоа што е отворена „жешка линија“ за пријавување на сексуално злоставување и вознемирување, што ќе биде и една од темите за дискусија на фестивалот.

Бланшет годинава е претседателка на жирито составено од девет члена. Покрај неа, во жирито се и француската глумица Леа Сеиду, режисерот Робер Гедигјан, како и Американките Кристен Стјуарт, режисерката Ава Дуверне, канадскиот режисер Дени Вилнев и рускиот режисер Андреј Звјагинцев.

„Златната палма“ за најдобар филм ќе биде врачена на 19 мај. За оваа награда се борат 21 филм.

Информативна Редакција

Главниот и одговорен уредник на веб порталот Популарно.мк. Ѓорги е перспективен новинар кој со својата креативност и талент го направи Популарно.мк дел од водечките информативни сајтови во Македонија. Во исто време е регионален известувач за CNN од Македонија и главен на продукцијата GPTM Production.

Повеќе од Сцена

Маркетинг
ДО ВРВ
error: Содржината е заштитена со авторски права.