Следи нѐ
To Top

Основците од „Лазо Трповски“- меѓу „Топ 10“ проекти на вселенски летала

На традиционалниот меѓународен училишен натпревар за воздушен и вселенски сообраќај одржан во Берлин, главниот град на СР Германија, четвртоодделенците од ООУ „ Лазо Трповски“ освоија награда за својот проект „ Ние и Ербас“.

Под менторство на предметните професори Елена Угриноска и Стефан Симовски, основците од ова карпошово училиште успешно ја поминаа прелиминарната фаза и се пласираа во најдобрите десет проекти, кои беа изработени и презентирани на овој меѓународен образовен турнир.

реклама

Натпреварот беше организиран од страна на Сојузното германско здружение за воздушна и вселенска индустрија од Берлин во соработка со Сојузното министерство за економија и енергија на Германија, Сојузното министерство за образование и истражување на Германија, како и на „ Луфтханза Техник АД“, и концернот ЕАДС ( во чиј состав влегува и познатиот производител на патнички авиони Ербас).

Заблагодарувајќи им се за прекрасниот научен проект на основците од Општина Карпош, раководителот на проектот Тим. Е Бранд истакна дека проектот е фантастичен и е плод на тимска работа во која е вклучен многу труд, вештини и интелигенција. Пласманот на учениците од ОУ „ Лазо Трповски“, е одлука на деветчлено реномирано жири и е потврда за исклучителниот успех кој нашите ученици го постигнаа на овој респектиран меѓународен училишен натпревар.

ПОВЕЌЕ ОД КАТЕГОРИЈАТА: Наука

реклама
error: Содржината е заштитена со авторски права.