//
Следи нѐ
To Top

Грчко островче за кое можеби и не сте слушнале

Тинос е остров од архипелагот Киклади и се наоѓа на неговата северна страна. Со своите мирни, тивки песочни плажи и фантастичното сместување, тој е вистински рај за семејни одмори.

Селата сместени во самото средиште на островчето ни покажуваат живописна традиционална архитектура. Најпознато меѓу нив е селото Пиргос, кајшто ќе имате можност да видите и мермерни скулптури од грчкото минато. Одовде потекнуваат прочуените вајари Гизис, Литрас, Калепас, Филипотис, Сокос… Легендата вели дека познатиот древен скулптор Фидиј ги пренел тајните на својата уметност на локалните жители, па така тој талент е пресликан на капелите, фонтаните, пристаништата.

реклама

Тинос е познат и по црквата Панагија (Богородица), за која се верува дека поседува и чудотворна моќ. Неа секоја година ја посетуваат илјадници верници, особено на 15 август, за празникот Голема Богородица.

До островот се стига со 4,5 часа пловидба со брод од пристаништето Пиреја.

ПОВЕЌЕ ОД КАТЕГОРИЈАТА: Занимливости

реклама
error: Содржината е заштитена со авторски права.
%d bloggers like this: