//
Следи нѐ
To Top

Газираната вода е корисна за организмот

Конзумирањето газирана вода може да биде корисно за организмот на повеќе начини, оти помага при лошо варење и спречува создавање камен во жолчката и бубрезите.

Минералната вода е корисна и за срцето, посочува ново истражување на Фрамингамскиот универзитет.

реклама

Кај повеќе десетици илјади луѓе опфатени во студијата, што трае неколку десетлетија, дури и кај потомци на првите учесници, научниците ја следеа и густината на коските. Резултатите говорат дека просечната густина била намалена само кај жените кои трипати неделно пијат засладени газирани напитоци, како на пример сокови.

Тоа покажува дека фосфорната киселина влијае на тоа, а не карбонизираната вода, како што некои тврдат. Слични сознанија објави и Универзитетот во Бостон.

Од друга страна, пак, една шпанска студија посочува дека жените кои во постменопаузата, два месеца пиеле минерална вода, имаат помал ризик од развој на коронарни болести.

Газираната вода содржи малку јаглен-диоксид, нема калории, нема шеќер, а покрај тоа освежува и хидрира.

ПОВЕЌЕ ОД КАТЕГОРИЈАТА: Магазин

  • СИН ПОНЕДЕЛНИК: Најтмурниот ден во годината

    Почеток на уште една работна недела. Празничната еуфорија спласнува. Ги добиваме првите овогодишни сметки, а во минус сме поради празничните трошоци....

    Информативна Редакцијамај 16, 2018
  • Нови „Луј Витон“ цик-цак патики

    Парискиот бренд „Луј Витон“ продолжува да ги поместува границите на луксузот, а најново во тој поглед се скромните цик-цак патики. реклама

    Информативна Редакцијамај 16, 2018
  • Седум намирници кои ќе ви ја вратат енергијата

    Доколку во текот на денот имате потреба од кафе и калорична храна за да го намалите чувството на замор, обидете се...

    Информативна Редакцијамај 16, 2018
реклама
error: Содржината е заштитена со авторски права.
%d bloggers like this: