Следи нѐ
To Top

Дванаесет факти за егзотичното Мароко

Доколку Мароканец ви понуди „сексоу”, прифатете го оти е многу вкусно… Ова е само една од занимливостите за егзотичното Мароко кои можеби досега не сте ги знаеле.

1. Мароко е оддалечен од Европа само 13 километри.

реклама

2. Бојата со која се изразува жалост не е црна, туку бела. Така на пример, вдовиците носат бело 40 дена по смртта на сопругот.

3. Во оваа земја е непристојно земање храна со лева рака, како и одбивањето месо, доколку ви е понудено.

4. Еден од називите за пари е „вусакх-д-дунја”, што во превод значи „валканиците на светот”.

5. Мароко е најголемиот светски извозник на сардина.

6. Џамијата Хасан Втори во Казабланка е седма најголема во светот. Изградена е за пет години, а ја граделе над 30.000 луѓе.

7. Црниот дроб, а не срцето, е симбол на љубовта во оваа северноафриканска земја.

8. Мароко има само еден регистриран стоматолог на 8.000 жители, а најчест начин на лекување е вадење заб, што може да се изврши и „на црно“.

9. Мароко е единствена африканска земја која не е членка на Африканската унија.

10. Најпопуларниот спорт е фудбалот, а репрезентативците имаат прекар – „Лавовите на Атлас”.

11. Во Маракеш, којшто често се нарекува и Црвениот Град, заштитата од сонце е постојано потребна, дури и во зимски период.

12. Националното јадење се нарекува „сексоу”, така што, ако ви понудат, не срамете се да го прифатите.

ПОВЕЌЕ ОД КАТЕГОРИЈАТА: Занимливости

реклама
error: Содржината е заштитена со авторски права.