Поврзи се со нас
Маркетинг

Популарно.мк

Принцот Чарлс ќе ја испрати Меган Маркл до олтарот

Занимливости

Принцот Чарлс ќе ја испрати Меган Маркл до олтарот

Таткото на младоженецот, британскиот престолонаследник принцот Чарлс ќе ја испрати Меган Маркл до олтарот препуштајќи му ја на принцот Хари, соопшти кралското семејство.

Имено, Маркл била таа која го замолила идниот свекор да ја придружува на нејзиниот пат до олтарот на капелата Сент Џорџ, откако нејзиниот татко мораше да се повлече поради здравствени проблеми.

– На принцот од Велс ќе му биде чест на овој начин да и посака добредојде на Меган Маркл во кралското семејство, се наведува во соопштението на Кенсингтонската палата.

Таткото на Меган, Томас Маркл (73) нема да допатува во Обединетото Кралство, оти деновиве закрепнува по операција на срцето во болница во Калифорнија. Претходно, тој беше во центарот на вниманието за скандали околу две обвиненија за силувања што се случиле минатиот век и околу наводното продавање слики од подготовките на свеченоста на извесна папарацо агенција.

Церемонијата започнува утре напладне, по локално време или во 13 часот по македонско време.

Информативна Редакција

Главниот и одговорен уредник на веб порталот Популарно.мк. Ѓорги е перспективен новинар кој со својата креативност и талент го направи Популарно.мк дел од водечките информативни сајтови во Македонија. Во исто време е регионален известувач за CNN од Македонија и главен на продукцијата GPTM Production.

Повеќе од Занимливости

Маркетинг
ДО ВРВ
error: Содржината е заштитена со авторски права.