Следи нѐ
To Top

Со звуците на Штраус, матурантите традиционално одиграа квадрил (ФОТОГАЛЕРИЈА)

Со дадена заклетва за ненасилство и со звуците на музиката од Штраусовата опера „Лилјакот“ денеска точно напладне на плоштадот „Македонија“ во Скопје околу 1.000 матуранти го одиграат традиционално танцот квадрил.

Матурантите од Скопје танцуваа истовремено со нивните врсници од 62 града во Босна и Херцеговина, Бугарија, Словачка, Словенија, Србија, Турција, Унгарија, Хрватска и Црна Гора.

реклама

Градоначалникот на Скопје, Петре Шилегов, кој присуствуваше на манифестацијата, им порача на матурантите во текот на целиот живот да ги задржат ентузијазмот и енергијата која сега ги имаат и да бидат посветени кон се што ќе го работат.

– Ако човек успее младешкиот жар и ентузијазам да ги задржи во текот на целиот живот неминовно ќе има успешни резултати. Затоа задржете ги ентузијазмот и енергијата кои сега ги имате и бидете посветени кон се што работите во животот за да може да успеете, рече Шилегов.

This slideshow requires JavaScript.

Како градоначалник најави дека ќе се грижи Скопје да стане модерен, европски и безбеден град во кој, како што рече, не се сомнева дека матурантите ќе одберат да го продолжат својот живот.

Матурската парада почна да се организира во 2001 година во Љубљана, а во Македонија за првпат се одржа во 2007 година во Скопје и Охрид.

Организатори се Дирекцијата за култура и уметност на Скопје и Танцовиот спортски клуб „Ритам плус“ од Скопје, под покровителство на Град Скопје и Делегацијата на Европската унија.

ПОВЕЌЕ ОД КАТЕГОРИЈАТА: Вести

реклама
error: Содржината е заштитена со авторски права.