//
Следи нѐ
To Top

СВЕТСКИ МЕДИУМИ: Наместо на Ибица, право на EXIT – најкул фестивалот во Европа!

Во својата триумфална година, во која по втор пат ја освои титулата Најдобар голем европски фестивал, EXIT не престанува да го привлекува вниманието на светските медиуми, посебно на оние со глобален досег и немерливо влијание.

CNN неодамна повторно го означи EXIT како едно од незаобиколните места при посета на Србија, додека „бизнис библијата“, американскиот Forbes магазин, ја издвои овогодишната програма на Exit како нејзин главен адут, со имиња како што се Grace Jones, Ziggy Marley, Fever Ray, Alice Merton, Nina Kraviz, Solomun и бројни други.

реклама

Forbes посебно го издвои во моментов најпрепознатливиот хип-хоп состав Migos, но и најпопуларниот диџеј на денешницата David Guetta, прогласувајќи го EXIT како место кое светскиот џет-сет би требало да го доживее. И вториот од трите најважни светски економски медиуми, угледниот Financial Times во долгиот напис за Србија, поради кој нивниот фамозен уредник Lionel Barber помина ден во Нови Сад и ја обиколи Петроварадинската тврдина, за EXIT пишува дека е фестивал како „Гластонбери на Дунав“!

Популарниот британски весник Daily Mail во опширниот напис за најдобрите светски претстојни туристички дестинации го предлага EXIT како замена за славниот шпански остров Ибица и вели: „Ако ви се здосадија позерите и гужвите на Ибица, букирајте си влезница за EXIT“, истакнувајќи ја Петроварадинската тврдина како импресивна
средновековна локација.

И престижниот The Guardian на почетокот на годината состави опсежен текст за врвните проводи за 2018-та година по месеци, па иако јули е традиционално преполн со музички случувања, EXIT е издвоен како задолжителна станица во глобалниот календар на настани.

А весникот Mirror оди и чекор понатаму и освен што Фестивалот го вбројува меѓу најдобрите, објави и опширен напис посветен само на Exit, пишувајќи „Со првите најави на силната програма, EXIT фестивал ќе ја затресе српската тврдина ова лето!“, а не штедеа пофални зборови ниту за овогодишниот „All-Star“ состав на Денс Арената! Од друга страна, водечкиот европски музички магазин NME им понуди на читателите посебна апликација која им го предложува идеалниот фестивал, а меѓу предлозите е вклучен EXIT, но и Sea Star!

Ирскиот Irishexeminer во не една, туку две објави го издвојува EXIT, а во насловот реторички прашува „Дали EXIT е најкул фестивал во Европа“, додека нивниот главен конкурент Daily Edge го издвои EXIT како летна дестинација која не смее да се пропушти!

Во истиот текст Daily Edge го спомнува и Sea Star во Хрватска, исто така во организацијата на тимот на EXIT кој од премиерното издание е номиниран за најдобар нов фестивал во Европа. Водечкиот светски туристички водич Conde Nast Traveller на својата листа на најдобри светски фестивали, ги издвојува единствените активистички почетоци на EXIT фестивал, а GQ магазинот во своето италијанско издание го нарекува EXIT еден од најдобрите фестивали во
Европа!

EXIT фестивал ќе се одржи од 12-ти до 15-ти јули на Петроварадинската тврдина во Нови Сад и ќе претстави некои од најбараните светски ѕвезди како што сеGrace Jones, Migos, David Guetta, Ziggy Marley, Fever Ray, LP, Alice Merton, Nina Kraviz, Richie Hawtin, Adam Beyer b2b Ida Engberg, Maceo Plex, Solomun, Amelie Lens, Ben Klock, Jax Jones, Ofenbach,
Mahmut Orhan, Carl Craig, Tale of Us, Sevdaliza, Burak Yeter, Madball, Brujeria, Ofenbach, Slapshot, Dog Eat Dog, Slaves, Idles, Asphyx, Bombers и многу други.

ПОВЕЌЕ ОД КАТЕГОРИЈАТА: Музика

реклама
error: Содржината е заштитена со авторски права.
%d bloggers like this: