Поврзи се со нас

Популарно.мк

Матурантите од СОС Детско село со подарок плус за својата прослава

Сцена

Матурантите од СОС Детско село со подарок плус за својата прослава

Во тек е периодот на матурски прослави. Матурантите заедно со своите родители се во потрага по омиленото парче гардероба која совршено ќе им прилега.

Ова е период кога се креираат насмевките на сите кои завршуваат со средното образование. Поттикнати од тоа, Капитол мол организираа кампања која што ќе излезе во пресрет на сите матуранти кои ќе сакаат да се облечат во продавниците на Капитол мол, но и ќе ја поттикнат општествената одговорност со цел собирање средства за децата без родители од СОС Детско село Македонија. За таа цел започнаа соработка со Факултет за дизајн и мултимедија при ФОН Универзитетот за да се изработат специјално дизајнирани чанти, кои беа донација од Карписа, и истите ќе бидат понудени на јавноста на големата аукција која ќе се случува оваа среда, 23.05.2018, во 19.00 часот во Џус бар Диван во Капитол мол.

Сите средства кои ќе бидат собрани од продажбата на чантите ќе бидат доделени на матурантите од СОС Детско село. Со оваа активност кампањата „Креатори на насмевки“ ќе ја исполни целта која беше поставена на самиот почеток – среќни матуранти, студенти и посетители мотивирани да им помагаат на децата од СОС Детско село.

Аукцијата е од отворен карактер и поканети се сите кои сакаат да купат стилски дизајнирана чанта од студентите на ФОН Универзитет и со тоа да им овозможат подарок на децата од СОС Детско село Македонија.

Информативна Редакција

Главниот и одговорен уредник на веб порталот Популарно.мк. Ѓорги е перспективен новинар кој со својата креативност и талент го направи Популарно.мк дел од водечките информативни сајтови во Македонија. Во исто време е регионален известувач за CNN од Македонија и главен на продукцијата GPTM Production.

Повеќе од Сцена

ДО ВРВ
error: Содржината е заштитена со авторски права.